Советот на Општина Делчево денеска ја одржа редовната 27 Седница на која се расправаше по 9 точки предложени на Дневниот ред.
На денешната Седница беше усвоена Decisionand for утврдување надоместок for прекопување општински патишта, улици и тротоари на подрачјето на Оmunicipality of Delchevo со која се утврдува висината на надоместокот за санација на трајни оштетувања на извршени прекопи на асфалтни, бетонски и бекатон површини, а за поставување определени инсталации и уреди на општински патишта, улици и тротоари на подрачјето на Општина Делчево. Висината на надоместокот за работите на асфалтни и бетонски површини на оваа Одлука изнесува 2.461,48 денари за 1 м2 извршен прекоп на општински пат, улица или тротоар, додека висината на надоместокот за површини со бекатон плочки изнесува 1.995,38 денари за 1 м2 извршен прекоп на улична и тротоарска површина.
Советниците со мнозинство гласови ја усвоија Одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година согласно со Одлуката на Уставниот суд на РСМ од 21.03.2023 година, како и: Одлуката за определување тарифа за општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Делчево; Годишниот план за вработување на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за 2024 година; Годишниот извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2022/2023; а донесоа и две одлуки за финансиска поддршка на физички лица.