Во рамките на Програмата за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој која ај реализира Бирото за регионален развој, Делчево ќе набави машина за метење улици. Градоначалникот Трајковски и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, денеска го потпишаа Договорот за реализација на проектот „Набавка на машина за метење и одржување јавен простор“. Вредноста на Договорот кој ја предвиднува финансиската поддршка од Бирото изнесува 2.4 милиони денари, а Општина Делчево има финансиско учество од 10% од вредноста.
Градоначалникот Трајковски нагласи дека со набавката на нова машина за метење улици значително ќе се влијае за подобрување на чистотата на улиците.
-Со набавката на оваа машина, во ЈКП „Брегалница“ ќе бидат во функција две вакви машини за метење на улиците. Очекувам дека со набавката и ставањето во функција на новата машина, значително ќе се подобри чистотата на улиците, ќе се зголеми опсегот на површините кои досега се одржуваат и се метат, а ЈКП ќе може поекспедитивно да ги испорачува услугите кон граѓаните, рече Трајковски.