Нa 31 Седница на Советот на Општина Делчево на Дневен ред беа повеќе програми и извештаи за работа на Општина Делчево.
Советниците со мнозинство гласови ги усвоија: Извештајот за реализација на Програмата за односи со јавност и промоција на Општина Делчево за 2023 година и ја донесоа Програмата за односи со јавност и промоција на Општина Делчево за 2024 година. Исто така, беше усвоен и Извештајот за реализација на Годишната програма за одбележување настани и културни манифестации за 2023 година, Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2023 година и Програмата за социјална заштита за 2024 година.
Советниците ги верификуваа мандатите на членовите на Локалниот младински совет во кој членуваат:
1. Сара Ангелова – СОУ М.М.БрицоДелчево
2. Искра Георгиевска – Ромскикултурен и едукативенцентар „Тернипе МК“ Делчево
3. Вања Георгиевска – КУД „Гоце Делчев“ Делчево
4. Анастасија Такева – Организација ЖЕНА Делчево
5. Ана Мавродиева – Регионален центар за застапување Делчевo.
Мандатот на членовите на Локалниот младински совет на Општина Делчево трае 2 години со право на уште еден избор.
Советниците донесоа Одлука за ревидирање и проширување на членовите на Штабот за заштита и спасување на Оmunicipality of Delchevo in состав:
1. Горан Трајковски –градоначалник
2. Гоце Попов – командант
3. Кире Цоневски – соработник за превенција
4. Ванчо Новоселски –nачалник
5. Драган Балас – РЦУК Делчево
6. Тони Вангеловски – заштита и спасување од поплави
7. д-р Игор Јовановски- медицинска помош
8. д-р Зоран Ѓорговски- eиректор на ЈЗУ „Goce Delchev" Delchevo
9. Зоран Багевски- nачалник на ОВР Делчево
10. Лејла Анакиевска – командир на ПС – ОН Делчево
11. Андријана Мулачка – iаменик –командир на ПС – ОН Делчево
12. Горан Ѓоргиевски –nачалник на РЦ Исток
13. Аце Атанасов – командир на ПС за ГР
14. Зоран Василевски – командир на ТППЕ Делчево
15. Сузана Бошнаковска – jавен обвинител
16. Татјана Стојковска – aдминистратор и записничар
17. Даниела Такева – односи со јавноста
18. Мијалчо Илиевски- возач
19.Стојче Стојковски – ЈКП ,,Брегалница,, Делчево
20. Сузана Велковска – ДЗС ПО Делчево
21. Влатко Ристов – andнспектор при ДЗС ПО Делчево
22. Влатко Мицевски – заштита и спасување од пожари
23. Сунчица Ѓеоргиевска – советник во Совет на Општина Делчево
24. Сашко Ивановски – советник во Совет на Општина Делчево
Покрај постојаните членови, Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево може да ангажира и други лица како привремени членови во зависност од елементарната непогода која во даден момент е актуелна. Задача на Штабот за заштита и спасување на Општина Делчево е да раководи со просторните сили и другите субјекти ангажирани за заштита и спасување, како и донесување конкретни мерки и активности за време на кризна или вонредна состојба. Материјалното обезбедување на Штабот за заштита и спасување за Општина Делчево ќе се врши преку Буџетот на Оmunicipality of Delchevo.
На Седницата, меѓу другото се донесеа и одлуките за утврдување зони за процена на пазарна вредност на недвижен имот и утврдување на пазарна вредност на градежно и земјоделско земјиште според просечни цени на извршени купопродажби во предходната година на подрачјето на Општина Делчево и Одлука со која дава согласност на Статутот на Заедничко јавно претпријатие for регионално управување with отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе.
Оставка од член на Советот поднесе советникот Зекри Абдулов, по што советниците донесоа Одлука за престанок на мандатот на советникот Абдулов.