ИЗВЕСТУВАЊЕ за авионско прскање против комарци

  • News
NOTIFICATION
Општина Делчево ги известува своите граѓани дека на ден 02.07.2024 година(вторник), во раните утрински часови (од 05h-08h) ќе  изврши авионска (од воздух) дезинсекција(прскање против комарци) на територијата на Општината.
Оваа мерка е предвидена во годишната Програма на општина Делчево за заштита на населението од заразни и други заболувања, а ќе ја спроведе овластена фирма „БОНИЕР“ од Куманово, во соработка со вработени во Одделението за инспекциски надзор при Општината.
Оваа мерка ќе се спроведе во следните предвидени атари:
– Река Брегалница со притоките
– Езеро мотел,,Кула,,
– Река Габровчица
– Звегорска река
– Чаршиски, Пустевски, Манастирски ендек и Грозданец
– с.Вирче
Посебно се известуваат пчеларите да ги заштитат своите  пчелни семејства  од евентуалните последици од дезинсекцијата.
Доколку временските услови не дозволат да се изврши прскањето, истото ќе биде спроведено во првата поволна прилика, за кое нешто ќе следи дополнително известување.
Shares