Општина Делчево ги известува граѓаните дека наскоро ќе започнат градежните работи за изградба на улиците „3“,„5“,„6“ во населбата „Пролет“, краци на ул „Орце Николов“ во населба „Шумски Расадник“ и дел од улицата- булевар „Македонија“ зад административната зграда на Агенцијата за вработување во Делчево.
За таа цел, граѓаните кои немаат изградено соодветни приклучоци за водовод, атмосферска и фекална канализација, а живеат на наведените улици, е потребно тоа да го направат пред почетокот на градежните работи за изградба на улиците, бидејќи по завршување на работите нема да биде дозволено оштетување на новите коловози. Истото се однесува и за градежните парцели на кои нема постоечки објект.
Напомена: По завршување на градежните работи, односно асфалтирање на горенаведените улици општината нема да дозволи нови приклучоци.