Во рамките на проектот ,,Водоснабдување на Делчево” во завршна фаза е изградбата нов резервоар за вода на местото викано Чука во населбата Трети реон.
Новиот резервоар за вода за пиење се гради на истото место од стариот резервоар со таа разлика што го зголемивме капацитетот на самиот резервоар од 300м3 на 800м3.
Новиот резервоар за вода се гради со нови материјали и технологии со што ќе се влијае на квалитетот и ќе се минимизираат загубите на вода, а контролата ќе биде на СКАДА системот за автоматско управување и менаџирање.
Views: 639