Во населбата „Шумски Расадник“ во тек е изградба на краци од ул. „Орце Николов“ со што се одговора на барањето и потребите на жителите од оваа населба и се решава проблемoт со патната инфратсруктура.
Во моментов се изведуваат земјени работи на теренот по што ќе следува асфалтирање на краците кои се со вкупна должина од околу 270 метри и пешачки патеки во должина од околу 70 метри.
Инвестицијата за изградба на овој проект е на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.
Views: 646