Започна реконструкција на фасадата на Спомен-домот АСНОМ

Во проектот кој е продолжение на проектот од минатата година, се вложува во реконструкцијата на Спомен-дом АСНОМ, односно замена на надворешна столарија и изведба на термоизолациона фасада за зголемување на енергетската ефикасност што значи намалени трошоци за загревање, но и современ урбан изглед на објектот за кој од неговата изградба на почетокот на 80-тите години, прв пат, се преземаат мерки за санација, реконструкција и осовременување.
Вкупната вредност на проектот изнесува 3,5 милиони денари со ДДВ од кои 2,45 милиони се обезбедени од Министерството за култура преку Програмата за користење капитални дотации за инвестициони проекти во единиците на локалната самоуправа во областа на културата, а останатите се кофинансирани од Општина Делчево.

Shares