Делчево го одбележува Денот на Востанието, 11 Октомври

  • News

Со пригодна свеченост, Општина Делчево одбележува 83 години од  почетокот на антифашистичкото Востание, 11 Октомври. По тој повод, делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции,  политички партии, здруженија на граѓани, се поклонија и свежо цвеќе положија на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

Во рамките на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ преку реферат потсетија на приликите кои претходеа на Востанието, начинот на кој беше реализиран првиот вооружен напад во Прилеп и во Куманово, но се осврнаа и на значењето на Востанието, како важен момент во борбата за самостојност на македонскиот народ и сопствена држава.

Shares