Советот на Општина Делчево ја одржа 40 Седница на која се расправаше и се донесоа одлуки по 14 точки предложени на Дневниот ред.
Советниците донесоа Одлука за утврдување на висината на надоместокот за поставување натписи и рекламни табли – паноа во заштитниот појас на општинските јавни патишта и на улиците, како и на други јавни површини на подрачјето на Општина Делчево. За поставување натписи и рекламни табли – паноа во зависност од површината на натписите и рекламните табли-паноа, се утврдува надоместок по единична количина од натпис и/или рекламна табла-пано и тоа:
Ред. Бр. | Видови рекламни и информативни табли- паноа | Максимална површина на дозволива рекламната- информативна табла- пано по посебна ставка | Единична цена од 1 број рекламно пано-табла во денари за 1 месец од 1 локација | Единична цена од 1 број рекламно пано-табла во денари за 1 година од 1 локација |
1. | Рекламни табли –паноа | До 2м2 | 800,00 | 8.000,00 |
2. | Рекламни табли-паноа | Од 2,1 до 16м2 | 1.600,00 | 16.000,00 |
3. | Осветлени/електронски информативни и рекламни паноа | До 2м2 | 1.200,00 | 12.000,00 |
4. | Рекламни табли на столбови за улично осветлување | До 0,5 м2 | 600,00 | 6.000,00
|
Советот на Општина Делчево ја донесе и Одлуката за ослободување од партципација на деца Роми на возраст од три до шест години што се во социјален ризик за учебната 2024/2025 година во ОЈУДГ „Весели Цветови“Делчево. Ослободувањето од партиципација се однесува на петнаесеет (15) деца Роми и трошоците за престој на децата во ОЈУДГ „Весели Цветови“ќе бидат покриени од блок- дотацијата што ја добива Општина Делчево од МТСП.
На Седницата се донесе и Програмата за дополнување на Програмата за изработка урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2024 година, се донесоа и повеќе одлуки со кои се утврди потребата од донесување урбанистичко планска документација за бесправно изградени објекти надвор од планскиот опфат. Советниците одобрија финансиски средства во износ од 100.000 денари на Спортско риболовното друштво „Брегалница“, по барање,а се усвои и Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево.