Заврши асфалтирањето на краци (крак 1А, крак1, дел од крак 2,крак 3 и дел од крак 4) во населбата Шумски расадник со вкупна должина од 264 метри со што после долги години населбата добива инфраструктура согласно урбанистичкиот план.
Општината одговара на барањата на граѓаните и реагира за решавање на нивните приоритети, согласно со можностите на општината.
Инвестицијата за изградба на овој проект е на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.
Views: 48