Одржана 34 Седница на Советот на Општина Делчево

 На 34 Седница на Советот на Општина Делчево беше верифициран мандатот на советничката Маја Алексова, кандидат од листата на СДСМ и Коалиција „Најдоброто за мојата општина“. Исто така, се донесоа одлуки и for разрешување и избор на член на Комисијата за јавни дејности, Комисијата за урбанизам; Комисијата за статут и прописи, Комисијата за еднакви можности.

Советниците го усвоија Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Делчево; Завршната сметка на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за 2023 година; Беше донесена Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница“-Делчево; Годишен извештај за работењето на ЈКП „Брегалница„ Делчево за 2023 година со Заклучок за усвојување; Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на ЈКП „Брегалница“-Делчево; Годишна сметка на ЈКП „Брегалница“ за 2023 година со Заклучок за усвојување; Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Источен-плански регион за 2022 година; Одлука за корекција на Буџетски календар за 2024 година; Одлука за резервирани средства за надомест за одземен имот во Буџетот на општина Делчево за 2024 година, како и nеколку одлуки за утврдување на потребата од донесување  урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти.

Shares