Трајковски: здравствените работници се нашите херои

  • News
По повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето и здравствените работници, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, испрати честитка и порача дека здравствените работници се нашите херои.
 
-Денешниов ден 7 Април е ден кога во светот и кај нас се одбележува денот кога е основана Светската здравствена организација (СЗО). Традиционално овој ден е посветен на здравствените работници нивната улога и значење во грижата за нашето здравје, а оваа година, СЗО го одбележува овој ден под мотото Поддршка на медицинските сестри и акушерки” и денеска СЗО ќе даде препораки за подобрување на нивните услови за работа.

Сепак, здравствените работници овој 7 Април го одбележуваат во посебни услови, во услови на пандемија во борба со коронавирусот во услови кога се тестира функционалноста на целиот здравствен систем и улогата на секој еден здравствен работник. Тие се во првите борбени редови во борбата со невидливиот непријател и со надчовечки напори обезбедуваат третман и грижа за пациентите при што го изложуваат своето здравје, здравјето на своите блиски, на нивниот живот.

 Ова се нашиte херои who на својот грб го носат целиот товар во борбата со коронавирусот. Тие секојдневно ни упатуваат молба да седиме дома за доброто на сите. Испраќам порака, овој 7 Април, ние како граѓани да ги послушаме нивните молби и да им помагнеме на здравствените работници почитувајќи ги препораките, останете дома.

Почитувани наши херои, ви благодариме за вашата борба и жртва за нашето здравје и живот.

Среќен 7 Април.

Shares