Како една од активностите за поддршка во напорите во борба против коронавирусот во нашата земја, од страна на УНДП е креиран сервис за поддршка на најранливите катаегории лица: стари лица, лица со попреченост и други ранливи категории на граѓани. Во Општина Делчево за таа цел се реактивирани договорите на 9 лица – претходно ангажирани преку Програмата Општинско- корисна работа кои давале услуги за стари лица и лица со попреченост. Лицата се ангажирани за период од еден месец почнувајќи од 06.04.2020 год. до 06.05.2020 год.
Задачата на овие лица ќе се состои од достава на намирници, лекови, плаќање сметки и други слични услуги кои крајните корисници не се во можност самите да ги извршуваат.
За ангажираните лица е изработен видеоматеријал за обука од страна на УНДП и до сите ангажирани лица е доставена заштитна опрема (ракавици, маски, средства за лична дезинфекција) која ќе треба да ја користат за време на работните активности.
Со активирањето на мобилните тимови преку Програмата Општинско-корисна работа, ќе се засилат мобилните тимови формирани од Општина Делчево пред три недели.
Граѓаните од наведените категории услугата можат да ја побараат на следните телефонски броеви: 075 367 927 and 075 367 903.