По повод Рамазан – пакети храна за верниците

  • News

Наместо традиционалната организација на ифтарска вечера, поради актуелната состојба со пандемијата од ковид -19, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска до џамискиот одбор во Делчево дистрибуираше 20 пакети со храна наменети за верници од муслиманска вероисповед кои ги постат Рамазанските пости.

Почитувајќи ја традицијата по повод месецот Рамазан, градоначалникот Трајковски упати честитки до верниците и порача дека со молитва од дома, а не во џамија, верниците да ги практикуваат верските обреди, а со постот и верските обреди во домашна атмосфера полесно ќе се излезе од оваа ситуација.

  Ја користам оваа прилика и овој убав повод, за да испратам порака за соживот, љубов, почит. Традицијата го држи човекот длабоко за корените, а вербата во Бога и светото писмо независно дали е Куран или Библија, ја одредува душата и човечноста која го раѓа човекот преку неговите дела, постапки и почитта кон другите. Почитувани браќа, секогаш во сите периоди од развојот на Делчево, ние сме биле заедно. Заедно сме делеле болки, загуби, сме се радувале на убавите нешта, на Сонцето и на новите утра, на новиот живот. Да продолжиме заедно да ја градиме нашата иднина, секогаш да си подадеме рака, кога е потребно и да се почитуваме. Различностите го даваат спектарот, шаренилото кое го прават светот поубав. Во ова време да испратиме молитва за здравјето на секој поединец, а воедно посакувам и лесен пост and заеднички да придонесеме for радост, меѓучовечка толеранција и хармонијаsaid Trajkovski.

Инаку, Рамазан е 9-от  месец од Хиџретскиот календар, месецот во кој е спуштен Куранот-Светиот Аллахов говор, објавен на Мухаммед синот на Абдуллах Последниот Божји Пратеник. Во месецот Рамазан е пропишан пост за секој возрасен и здрав муслиман.

Постот се состои во воздржување од јадење и пиење во текот на денот, во период од 29 или 30 дена, односно во текот на целиот Месец Рамазан. Постот е и душевен и телесен, душевната храна месецот Рамазан ја дава со ноќната молитва Теравија која, поради актуелната состојба, муслиманите нема да ја извршуваат заеднички во Џамиите, како што налага традицијата.

Shares