Заштитни маски за месните и урбаните заедници

  • News

Следејќи ја препораката од Владата на РСМ за задолжително носење заштитни маски за лице со цел заштита од заразата со ковид-19, Општина Делчево денеска до месните и урбаните заедници достави над 1000 заштитни маски за лице за повеќекратна употреба. Маските се обезбедени по пат на донација од хумани фирми и поединци во Општина Делчево. Дистрибуцијата на заштитни маски ќе продолжи и наредните денови.

Инаку, досега Municipality of Delchevo има распределени околу 5000 заштитни маски, а мобилни екипи во неколку наврати дистрибуираа средства за заштита (маски и дезинфициенси) собрани од донација од Општина Делчево и делчевски фирми. Донацијата беше распределена to all институции кои во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од коронавирусот, како и на фирми, здруженијата на граѓани и сл.

Shares