Авионско прскање против комарци

  • News

Во раните утрински часови се спроведе авионското третирање против возрасни комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањето се вршеше со еколошкиот препарат CICERON 2.ULV кој е широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови. Прскањето го вршеше лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.

Во Делчево се третираше површина од 300 ha, односно 200 ha  (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница, централно градско подрачје до езеро „Сандански“ и 2x50 ha Старо Делчево, Таушанско Маало, Стрелиште и Ново Делчево, Милково Брдо, Басарица и нас. Пролет.

Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести. За оваа сезона се предвидува уште едно авионско третирање (прскање) за заштита од комарци.

Shares