The pedestrian bridge in Delchevo is named after the patron of the city Goce Delchev

  • News

На последната Седница на Советот на Општина Делчево, на предлог на градоначалникот Горан Трајковски, советниците одлучија новиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево да го носи името на патронот на градот Гоце Делчев.

Согласно со Одлуката, именувањето на мостот „Гоце Делчев“ е определено врз основа на утврдената Листа на имиња од Владата на Република Северна Македонија усвоена од Советот на Општина Делчево. Името на мостот ќе биде напишано на македонски јазик и неговото кирилско писмо. За името ќе бидат поставени табли согласно со начинот и со условите предвидени во Законот за определување имиња на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти.

Одделението за урбанизам заштита на животната средина, комунални дејности и сообраќај ќе ја спроведе Одлуката во следниот период.

Shares