Совет на Општина Делчево: деца Роми ослободени од партиципација за престој во детската градинка; Квартален извештај за 2 квартал на Буџетот

  • News

Советот на Општина Делчево на денешната редовна Седница донесе Одлука за ослободување од партципација за престој во учебната 2020/2021 во детската  градинка „Весели Цветови“ во Делчево на деца Роми на возраст од три до шест години кои живеат во социјален ризик. Ослободувањето од партиципација се однесува на петнаесеет (15) деца Роми, а трошоците за престој на децата во градинката ќе бидат покриени од блок -дотацијата што ја добива Општината Делчево од Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија.

Пред советниците на денешната Седница на Советот беше и Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година за втор квартал. Како што истакна Шабан Багашов, раководител на Сектор за финансии, извршувањето на Бthe budget of Општина Делчево за вториот квартал 2020 година изнесува 34%, односно од вкупно планираните 353.868.111 ден. приходи  за вториот квартал се реализирани  121.922.858 денари.

Од нив, во Основниот буџет, од планирани 110.881.000 реализирани се 42.010.156 ден. или 38%. Во буџетот на дотации од планирани 173,319,111 приходи реализирани се 79,212,200  или 45,7%, во буџетот на донации од планирани 21,248,000 реализирани се 3,271,637 ден.или 15,4% и во буџетот на самофинансирачки активности од планирани 16,367,000 реализирани се 3,256,938 денари, или 19,9%. Даночните приходи се наплатени во износ од 16.970.567 ден. од вкупно планирани 35.903.000 ден. или 47,27%, најголема наплата е наплатата од даноци на имот и тоа во износ од 4,837,963, од даноци од специфични услуги во износ од 9,875,826.

Вкупните расходи се планирани во износ од 231,348,361 ден.  Од нив се реализирани 98,656,430 ден. или 42,64%. Од вкупно планираниte 110,881,000 ден. реализирани се 30,922,901 ден. или 28%. Капиталните расходи кои се реализирани во износ од 10,528,014 ден. од планираните 60.737.000 и најголем дел од нив се исплатени за реконструкција на улици и патишта во износ од 4,465,923 ден. потоа за проекти на улици и патишта 571.045, надомест за одземен имот 1.204.552, изградба на капела во износ од 4,0858,487 и купување на опрема 102.899 ден. На група 46 планирани се 2,647,000 од кои се реализирани 516,967 ден. до здруженија на граѓани и до спортски клубови, трансфери здруженија на грагани, стипендии за ученици и студенти, додека за новороденчиња и еднократна помош од планирани 800.000 ден. are реализирани се 282,445 ден, истакна Багашов.

На Дневен ред на 43 Седница на Советот беше и Годишниот план за вработување на Општина Делчево за 2021; Годишните извештаи и плановите за работа на двете деветолетки;  Извештајот за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево; Шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2020 до 30.06.2020; Годишен план за вработување на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2021 година.

Shares