Awarded tablets for online teaching in the primary school "Vancho Prke"

  • News

Во ООУ „Ванчо Прке“ денеска десет ученици кои следат онлајн настава добија таблети во рамки на втората фаза од проектот „Поддршка во време на ковид-19 за маргинизираните групи и Роми“. Таблетите се обезбедени од Невладината организација „Тернипе“ МК, од каде информираа дека во текот на неделата 10 таблети за далечинска настава ќе доделат и во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево со што се заокружува процесот и бројката на 45 доделени таблети со 10 -гига интернет во образовните институции во Делчево во рамките на овој проект.  

Изразувајки благодарност за донацијата, директорот на училиштето, Горан Велков, истакна дека остануваат уште 8 ученици кои пријавиле дека не се во можност да следат онлајн настава.

-Голема благодарност до невладината организација „Тернипе МК“ за оваа донација. Наредниот период will обезедиме и таблети за учениците кои пријавиле дека немаат можности да следат онлајн настава со што воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено, рече Велков.

Во образовните институции во Делчево, изминатиов период во партнерство на Општина Делчево со нво-секторот се доделени околу 70 таблети на ученици кои живеат во социјален ризик.

Shares