Проложуваат инвестициите во инвентар во делчевската библиотека ЈЛБ „Илинден“. Деновиве се монтираат нови полици за книги кои се сместени по должината на ходникот кој е и влез во библиотеката. Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, оваа инвестиција е неопходна , бидејќи со неа се овозможува достојно чување и изложување на насловите кои досега биле чувани во несоодветни услови.
-Ја започнуваме реализацијата на програмата за инвестиции за оваа 2021 година. Активностите и инвестициите се во насока библиотеката да биде пофункционална и уште подобро and организирана. Еден од тиа планови деновиве се реализира. Библиотеката минатата година постави нови полици за книги од едната страна на ходникот на влезот во библиотеката, а деновиве се поставуваат нови полици и од другата страна.Потребата за нови полици е повеќе од неопходна со оглед на тоа што сè уште има огромен број книги кои се чуваат во таванските простории, каде и нема соодветни услови за чување на книгите. Со новите полици самиот ходник доби нов лик, многу поубав, пофункционален и попрактичен, истакна Петровска.
Во ЈЛБ „Илинден “ во тек е и пописот на книжниот фонд, по што насловите ќе го најдат своето место на новите полици. За оваа 2021 година е plansна монтажа and на нови полици and во читалната, како и преуредување на затворената тераса на библиотеката, каде старите полици ќе бидат заменети со нови, модерни.
– Ако се земе предвиe фактот дека библотеката ги набавува all нови и актуелни наслови што значи дека секојдневно пристигнуваат нови книги, новиот инвентар е и повеќе од неопходen, истакна Петровска.
Во 2020 година, библиотеката за нови книги потрошила вкупно 389.759 денари.