Центарот за истражување и креирање родови политики во рамките на проектот „Низ женски леќи: покренување политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија во Источниот регион спроведе родова анализа во општините Делчево и Македонска Каменица.
Податоците who are they споделени во инфографиците се преземени од официјалните страници на општините, како и со поддршка од координаторките за еднакви можности во општините.
Сузана Петровска, координаторка за еднакви можности во Општина Делчево истакна дека овие анализи се во насока да се согледа реалната состојба на полето родова еднаквост и согледување на фактот дека на ова поле е потребно и понатаму да се работи.
– Во Делчево во управувачките органи на локалните институции има 21 жена наспроти 8 мажи, а на раководни функции во општинските институции се назначени 3 жени наспроти 4 мажи. Имаме 5 жени советнички што е 30 % и не е постигната минималната квота од 40% учество на жените во општинскиот Совет што зборува за потребата од подобрување на родовата рамноправност на локално ниво, рече Петровска.
Во рамките на проектот е и кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“ со што на локално ниво се приклучува кон одбележувањето на 8 Март-Денот на борбата за женски права, а под глобалната тема: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во светот на ковид-19“. Целта на кампањата е да се подигне свеста за потребата од подобрување на родовата рамноправност на локално ниво и важноста на родово одговорното буџетирање за постигнување на родова рамноправност.