Завршува изградбата на крак од фекалната канализација во село Габрово

  • News

Во делчевското село Габрово завршува изградбата на крак од фекалната канализација  со што целосно ќе се заокружи системот за отпадните води во ова село. Кракот од фекалната канализација е во должина од 250 метри при што се поставуваат цевки фи 200, а се изградени и 6 шахти. Со оваа интервенција се решава проблемот со отпадните води на 25 семејства.

 Денеска увид во завршните работи изврши градоначалникот Горан Трајковски при што истакна дека реализацијата на проектиte продолжуваат со забрзана динамика.

логот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока are продолжува да се работи и во наредниот период. Реализацијата и на овој инфраструктурен проект значи подобар квалитет на животот на граѓаните. Во соработка со ЈКП „Брегалница“ и согласно со Годишната програма за работа и барањата од граѓаните, работиме на изградба на фекални канализации во делови од населени места, каде досега не беше изградена канализација.  Сакам да истакнам дека ваква интервенција имавме и во с. Ѕвегор, каде работите се завршени и изградена е фекална канализација во должина од 150 метри во Горната Маала во селото, а во оваа прилика најавуваме изградба на крак од фекална канализација и во населбата Стрелиште, како и на влезот на Делчево кон селото Ѕвегор за потребите на новоизградените стопански субјекти, рече Трајковски.

Shares