Во пресрет на одбележувањето на 145 години од Разловечкото востание, ПСК „Голак“ Делчево под покровителство на Општина Делчево, организираше планинарски марш до месноста Калаџерџево 1130 м.н.в. на планината Обозна, каде е организирано Разловечкото востание во 1876 г од страна на поп Стојан од село Разловци и Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски. Највисоката точка на планинарски марш e врвот Јастреб на 1276 м.н.в. a маршрутата е долга 20 километри со почетна точка во селото Разловци на 690 метри надморска висина.
Годинава, поради актуелната пандемија, на традиционалниот планинарски марш се вклучија само планинари од Делчево со што симболично започна реализацијата на настаните во чест на Разловечкото востание.