Златните момчиња од Кик-боксинг клубот „Ас“ на прием кај градоначалникот Трајковски

  • News

Признание за спортските успеси на младите кик-боксери од Кик-боксинг клубот „Ас“ од Делчево на Европскиот куп што се одржа во Србија, денеска им оддаде градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. На приемот организиран во нивна чест, градоначалникот Трајковски го потенцираше значењето на спортските успеси на младите кик-боксери и нивниот придонес кон развојот на спортот и натпреварувачкиот дух кај младите во Делчево.

-Секогаш сме горди на спортските успеси на младите спортисти во Делчево, бидејќи тие го запишуваат Делчево на листата градови каде се негуваат спортски таленти, а кик-боксот има квалитетна и долга традиција. Сите овие медали се поттик повеќе за поддршка на младите спортисти кои не само што придонесуваат за развој на индивидуалниот и колективниот спорт во Делчево, туку и спортот да се наметне како начин на живот на младите во нашиот град, рече Трајковски.

Нивниот тренер и спортски судија, Љупчо Стојчевски, изрази задоволство од поддршката која ја добиваат од Општина Делчево истакнувајќи дека овие двајца млади кик-боксери и постигнале извонреден успех, а делчевкиот клуб е рангиран на престижното 20-то место на европската листа од 100 клубови.

На Европскиот куп во Србија, Павел Стојчевски освои злато во поинт-фајт за постари кадети (-52 кг), а Дилан Ивановски во јуниори (-63 кг). Освен двата трофеи Дилан Ивановски освои и бронзен медал во дисциплината јуниор кик-лајт (-57кг).

Shares