Нов лик доби и селската чешма во Стар Истевник

  • News

Старата селска чешма во селото Стар Истевник, доби нов лик. Екипи на ЈКП „Брегалница“ ја завршија реконструкцијата на чешмата, заменети се старите дотраени инсталации, а чемшата е обложена со камен. Деновиве ќе се уреди и просторот околу неа, каде ќе биде поставена и урбана опрема со што жителите добиваат соодветно место за разговор и дружење.

Активноста за уредувањето на селските чешми е со цел да се намалат загубите на вода, да се подобри функционалноста и изгледот на селските чешми и да се уреди катче за дружење на жителите.

Инвестицијата за реконструкција на селските чешми е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“. Досега се реконструирани селските јавни чешми во селата Вирче и Град.

Shares