Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, го потпиша Договорот со директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, за имплементација на проектот „Дел од велосипедска патека од Делчево до место викано Илин Камен”. Доизградбата на велосипедската патека претставува фаза од изградбата која се однесува на улици во село Звегор, каде што поминува патеката во должина од 720 метри. Средствта се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.
Висината на инвестицијата согласно со проектираните цени е 4,999,893.25 со вклучен ДДВ. Од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3.500 000 денари.
Во фаза на спроведување е тендерска постапка по што следува имплементација на проектот.
Инвестицијата треба да биде завршена до крајот на 2021 година. Со оваа инвестиција ќе биде реализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ с. Звегор и за имплементација за целосно финализирање на патеката ќе остане да се поврзе селото Звегор со локалитетот Илин Камен, фаза која предвидува уредување на шумскиот пат со потпорни ѕидови на местата, каде патот е уништен со ерозија на земјиштето.