Во рамки на проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во Источен и Североисточен плански регион” во Делчево денеска пристигнаа 169 контејнери со зафатнина од 1,1м³.
Овие садови за отпад планирано е да се распоредат во сите населени места во општината, а со тоа значително ќе се подобри состојбата со управувањето со комуналниот отпад.
Претходно, Општина Делчево во рамките на овој проект финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија доби возило за собирање отпад со капацитет од 4м3.
Views: 610