Ќе се гради првата атрактивна фонтана во Делчево

  • News

Во центарот на Делчево, во непосредна близина на Споменикот на паднатите борци, ќе се гради атрактивна фонтана која е проектирана да биде во формата бесконечност и  одраз на модерно and современо Delchevo и атракција за посетителите и граѓаните на Општина Делчево.

Општина Делчево денеска ќе го распише тендерот за изградба на фонтаната. Тендерот за избор на најповолен понудувач ќе трае 15 дена, а голем дел од средствата за изградба на фонтаната се обезбедени од донации, а другиот дел од Буџетот на Општина Делчево.

Идејното решение за фонтаната е уште еден несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и дипл.инж.арх. Гоце Попов, чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. Со ова идејно решение, проектантот внесува живост, динамика, естетика и го оплеменува околниот простор, а со тоа ја реобликува и новата градска слика and го привлекува  вниманието на минувачите и посетителите.

Согласно со прокетната документација, формаand на бесконечност претставува затворена крива линија и во својата основа почнува од круг, односно полукруг, па преку елипсовидна траекторија преминува во горното ниво кое повторно завршува со математички логична крива од полукруг. Инсталациските делови и елементи ќе бидат поставени на начин што ќе се овозможи, гледачите да ја доживуваат фонтаната на различни начини во текот на денот и ноќта, бидејќи таа ќе ја менува формата на водениот млаз (насочувајќи ги прскачите под одреден агол) интензитетот и силината на водениот млаз и нејзината боја. Со ова ќе се формира водена завеса која ќе ја менува својата форма, а ноќе ќе ја менува и својаand боја. По начинот на функционирање,  фонтаната е замислена да биде со затворен систем, односно предвидено е да врти една иста количина на вода од приближно 7м3 и yes ја филтрира преку своја филтер централа. Гледана во основа, димензиите на фонтаната се 4 метри ширина и 6 метри должина не сметајќи ја подземната помошна просторија. Висината на металната структура е 350 см, висината на базисот 45 см . Вкупнaта висина на целата фонтана е 395 см.

Инаку, за Делчево ова е прва фонтана од ваков вид и заедно со втората фонтана планирана од другата страна на Брегалница, пред Спомен-домот АСНОМ, како и другите планирани објекти во ова подрачје, ќе даде нов белег на градот и визуелна доминација во централното градско подрачје.

Shares