За прв пат жителите на една од најдолгите улици во с. Вирче, добија асфалт. Со асфалтирањето на улицата која има два крака и е во должина од 260 метри, се реши голем инфраструктурен проблем во селото.
Изградбата на оваа улица е децениско барање на жителите, бидејќи на овие улици се наоѓаат повеќе семејни куќи и други објекти, а жителите досега немаа соодветен пристап до нив.
Изградбата на овој инфраструктурен проект е дел од пакетот инфраструктурни проекти вреден 9 милиони денари, средства одвоени од општинскиот Буџет, но и дополнителни средства од други фондови, кој ќе опфати изградба на улици во градот и во селата во должина од над 2,5 км.
По завршувањето на работите во с. Вирче економскиот оператор ОСД „Кирил“, ќе продолжи со асфалтирање и на новоизградената улица во с. Стамер.
Views: 2,276