Општина Делчево ги објави јавните повици до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проектите „Грижа за стари лица и лица со попреченост” и „Социјални услуги за сите“.
Преку проектот „Грижа за стари лица и лица со попреченост“ кој е со вкупен буџет од 567.000,00 ден, ќе бидат ангажирани 7 лица кои ќе се грижат за 36 крајни корисницим стари и изнемоштени лица и лица со попреченост.
Додека преку проектот „Социјални услуги за сите“ е со буџет од УНДП во износ од 1.166.400,00 ден, а средства од Буџетот на Општина Делчево: 291.600,00 ден. Директни крајни корисници се 293 лица (стари лица и лица со пореченост, деца од претшколско образование, корисници на народна кујна), ќе бидат ангажирани 18 лица.
Повеќе за јавните повици на следниве линкови:
Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Грижа за стари лица и лица со попреченост
Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа