Почнаа активностите на ОКР 2021

  • News

Ангажираните 25 лица од денеска започнуваат со активностите во рамките на активната програма Општинско – корисна работа како дел од Оперативниот план  за активни програми и мерки за вработување за 2021 година. Лицата се ангажирани преку проектот „Социјални улуги за сите“ – финансиран од страна на УНДП и проектот „Грижа за стари лица и лица со попреченост“ со средства обезбедени од СДЦ.

Во рамките на двата проекта има вкупно 6 различни активности, со што се опфаќаат повеќе различни групи на крајни корисници, од деца од претшколска возраст, лица со попреченост, до стари и изнемоштени лица кои ќе добиваат услуги од социјалната сфера.

Со ангажираните лица е склучен договор во траење од 9 месеци, со задолжителна обука од три месеци за лицата кои не поседуваат сертификат. За извршените услуги ќе им биде исплатен паричен надоместок во бруто- висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Вкупниот буџет за проектот „Социјални услуги за сите“ изнесува 1.458.000,00 ден. од кои средства за плати обезбедени од УНДП во износ од 1.166.400,00 ден. и средства за данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест обезбедени од Општина Делчево во износ од 291.600,00 ден. Бројот на директни крајни корисници кај овој проект е 293 лица (стари лица и лица со пореченост, деца од претшколско образование, корисници на народна кујна).

Кај проектот „Грижа за стари лица и лица со попреченост“ вкупниот буџет изнесува 567.000,00 ден.- средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, со 36 крајни корисници (стари лица и лица со попреченост) и 7 ангажирани лица.

Активностите ќе се спроведуваат до 31.05.2022 година, на територијата на Општина Делчево како и во парнер институциите ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево и Дневен центар за лица со посебни потреби.

„Општинско корисна работа“ преставува активност која на долгорочно невработените лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време- 20 работни часови неделно, а се со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.

Shares