По повод одбележувањето на двата значајни датуми за Делчево, Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември и 30-годишнината од Денот на независноста на РСМ, 8 Септември, Municipality of Delchevo во соработка со ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и КУД „„Гоце Делчев“ ја организира следната програма
Петок, 3.09.2021
11.00ч – Промотивен настан за палеонтолошки локалитет Стамер (локација с. Стамер)
19.30 ч. – Делчево-фест и Пијанечко-малешевска свадба (летна сцена Делчево)
Недела 05.09.2021
18.00ч – Промоција на монографијата „За Делчево и делчевци од 1920-1960“ од авторот Љупчо Прачковски (фоаје спомен-дом АСНОМ“)
Понеделник, 06.09.2021
13.00 ч – Промоција на книгата „Мојот влог за Македонија“ 2 дел од проф.д-р Трајан Гоцевски (летна тераса хотел „Санрајс“)
14.00 ч. – Настап на пејачка група „Ѓурѓа“ и ФГ „Копачка“
Вторник, 07.09.2021
10.00ч – Положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на Делчево;
11.00ч. – Свечена седница на Советот на Општина Делчево (фоаје АСНОМ)
19.30 ч. – Концерт „Живеј со музика“- Влатко Груевски, тенор и Андреј Наунов, пијано (киносала Делчево)
По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настаните, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настаните.