Со изведување земјени работи и подготовка на теренот, започна изградбата на првата од двете планирани фонтани во централното градско подрачје. Увид во работите денеска направи градоначалникот Горан Трајковски кој изрази задоволство од почетокот на работите и истакна дека економскиот оператор одбран во тендерска постапка има обврска работите да ги заврши во рок од 6 месеци.
– Фонтаната е проектирана во формата бесконечност и одраз на модерно and современо Delchevo. Идејното решение за фонтаната е уште еден несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и дипл.инж.арх. Гоце Попов, чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. Со ова идејно решение, се внесува живост, динамика, естетика и го оплеменува околниот простор, а со тоа ја реобликува и новата градска слика and го привлекува вниманието на минувачите и посетителите, истакна Трајковски.
По начинот на функционирање, фонтаната е замислена да биде со затворен систем, односно предвидено е да врти една иста количина на вода од приближно 7м3 и yes ја филтрира преку своја филтер– централа. Гледана во основа, димензиите на фонтаната се 4 метри ширина и 6 метри должина не сметајќи ја подземната помошна просторија. Висината на металната структура е 350 см, висината на базисот 45 см . Вкупнaта висина на целата фонтана е 395 см.
Паричните средства за реализација на овој Договор се обезбедени од донации и од Буџетот на Општина Делчево за 2021 година. Вредноста на Договорот изнесува 2.616.296,00 денари без вклучен ДДВ, односно 3.087.229,00 денари со вклучен ДДВ.
Инаку, за Делчево ова е прва фонтана од ваков вид и заедно со втората фонтана планирана од другата страна на Брегалница, пред Спомен-домот АСНОМ, како и другите планирани објекти во ова подрачје, ќе даде нов белег на градот и визуелна доминација во централното градско подрачје.