ОГЛАС ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ ЛИНИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

ОГЛАС ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ ЛИНИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

 

Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/2016, 71/16, 64/18 и 163/18) и од член 3 до член 13 од Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-296/1 од 02.02.2012 година и измената и дополнувањето на Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на Општина Делчево бр.07-2328/1 од 27.09.2012 год. бр.09-241/1 од 22.02.2017 год., бр.09-771/1 од 30.04.2019 год. и бр.09-1275/1 од 08.07.2019 год., Општина Делчево распишува оглас за доделување линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево на следните релации: 

 

ЛИНИЈА БР.1:           ДЕЛЧЕВО-с.ГАБРОВО

ЛИНИЈА БР.2:           ДЕЛЧЕВО-с.ЅВЕГОР

ЛИНИЈА БР.3:           ДЕЛЧЕВО-с.СТАМЕР

ЛИНИЈА БР.4:           ДЕЛЧЕВО-с.ГРАД

ЛИНИЈА БР.5:           ДЕЛЧЕВО-с.ВИРЧЕ

ЛИНИЈА БР.6:           ДЕЛЧЕВО-с.ТРАБОТИВИШТЕ

ЛИНИЈА БР.7:           ДЕЛЧЕВО-с.СТАР ИСТЕВНИК-с.НОВ ИСТЕВНИК

ЛИНИЈА БР.8:           ДЕЛЧЕВО-с.РАЗЛОВЦИ

ЛИНИЈА БР.9:           ДЕЛЧЕВО-ГОЛАК (сабота и недела)

ЛИНИЈА БР.10:         ДЕЛЧЕВО-с.БИГЛА-с.ИЛИОВО-с.ТУРИЈА

ЛИНИЈА БР.11:         ДЕЛЧЕВО-с.ОЧИПАЛА-с.ДРАМЧЕ

ЛИНИЈА БР.12:         ДЕЛЧЕВО-с.ВЕТРЕН-с.КИСЕЛИЦА

ЛИНИЈА БР.13:         ДЕЛЧЕВО-ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „ДЕЛЧЕВО“

ЛИНИЈА БР.14:         ДЕЛЧЕВО – ЧИФЛИК

ЛИНИЈА БР.15:         ВИРЧЕ – ГРАД – СТАМЕР – ДЕЛЧЕВО

ЛИНИЈА БР.16:         БИГЛА (Крзно и стара школа) – ИЛИОВО (Марковска маала и  Витановска маала) – ДРАМЧЕ (Димовска маала) – ДЕЛЧЕВО

ЛИНИЈА БР.17:         ДЕЛЧЕВО – СТАМЕР – ГРАД – ТРАБОТИВИТЕ – РАЗЛОВЦИ

ЛИНИЈА БР.18:         ОЧИПАЛА – ВЕТРЕН – ПОЛЕТО – ДЕЛЧЕВО

 

Превозот на горенаведените линии ќе се врши со патнички моторни возила минимум (8+1) седиште.

Линиите се одржуваат секој ден со најмалку две тргнувања кои се одредуваат со возен ред. На одредени релации превозот може да се врши и во одредени денови во неделата (зависно од потребите на жителите на неселените места), а деновите ќе се определат со предложениот возен ред.

Возниот ред го предлага превозникот при што е должен да ги има во предвид барањата и потребите на граѓаните, месните заедници, претпријатијата и други органи. Тарифата за превозот е определена од  Советот на општина Делчево.

На огласот можат да аплицираат превозниците кои имаат добиено лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници од Општина Делчево.

Рок за поднесување на барањата за одобрување на возни редови за нови линии и промена на возни редови за одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници е 15 дена од денот на објавување на огласната табла во просториите на Општина Делчево.

 

Потребна документација:

  • Kопија од лиценца за вршење на општиски линиски превоз на патници за подрачјето на општина Делчево;
  • список на возила регистрирани на име на фирмата (фотокопија од сообраќајните дозволи за секое возило одделно, односно фотокопија од Договорот за лизинг и од сообраќајната дозвола за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер);
  • копија од извод од лиценца за возилата за вршење на општински линиски превоз на патници;
  • број на возачи во редовен работен однос; и
  • предлог возен ред изготвен за линијата за која аплицира (доколку превозникот аплицира за повеќе линии треба да достави предлог возен ред за тие линии) на пропишан образец;

Превозниците кои сакаат да извршат промена на возниот ред на одобрена линија за општински линиски превоз на патници исто така ја поднесуваат погоре наведената документација со предлог нов возен ред.

Постапката за доделување на нови линии за вршење на општински линиски превоз на патници и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево ја спроведува Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево.

Заинтересираните превозници потребната документација да ја достават до ЕЛС Делчево – Едношалтерски систем на ЕЛС Делчево, со потврден прием во архивата со назнака „Пријава за оглас за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници“.

MUNICIPALITY OF DELCEVO
                                                                                        Mayor
                                                                                       Goran Trajkovski

Shares