Се интензивираат работите за реконструкција на ул „Скопска“ и Орце Николов“

  • News, Projects

Интензивно се работи на реконструкција на две главни сообраќајници во населбата Ново Делчево, односно се реконструираат улиците „Скопска“ и ул „Орце Николов“ во оваа населба со вкупна должина од 750 метри.

Реконструкцијата на овие улици е во рамките на „Проектот за поврзување локални патишта во РСМ”, кој Министерството за транспорт и врски го реализира со финансиска поддршка на Светска банка.

Во рамките на овој проект на Општина Делчево се доделени вкупно 781.714,36 евра, а во првата фаза ќе се изгради и реконструира патна инфратсруктура во Делчево во должина од 6,1 км: изградба на локален пат Делчево-ТРаботивиште во должина од 5,3 км, реконструкција на ул „Орце Николов“ во должина од 500 м. со изградба на тротоари, реконструкција на ул. „Скопска“ во должина од 250 м. со изградба на тротоари, реконструкција на дел од ул „Острец“ во должина од околу 50 м. со изградба на потпорен ѕид и тротоари, кој претставува црна точка во сообраќајот.

Деновиве започна и изградбата на локалниот пат Делчево-Тработивиште, а се вршат подготвки наскоро да започнат и градежните работи за реконструкција на ул „Острец“ и изградбата на потпорниот ѕид.

Градежните работи ги изведуваат група изведувачи „Ескалатори“ ДООЕЛ Скопје и Битем ДООЕЛ Скопје.

Согласно динамиката на изведувањето на градежните работи на овие сообраќајници ќе се применува времен режим на сообраќај, а градежните работи на улицата „Орце Николов“ ќе се изведуваат во фази при што ќе бидат затворени за сообраќај делници од улицата, но ќе биде дозволено движење по обиколни улици, за што е неопходно почитување на поставената сигнализација и опрема.

Shares