Во населбата Стрелиште во тек е изградба на три крака од ул. „Голем рид“ со што се одговора на барањето и потребите на жителите од оваа населба и се решава деценискиот проблем со патната инфратсруктура.
Во моментов се изведуваат земјени работи на теренот по што ќе следува асфалтирање на краците кои се со вкупна должина од околу 250 метри.
Инвестицијата за изградба на оваа улица е на Општина Делчево и во рамките на пакетот инфраструктурни проекти за изградба на улици во Делчево и селските средини во износ од 9 милиони денари.