ГОЛЕМА НОВОГОДИШНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ ПРИ ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

  • News

Советот на млади при Општина Делчево во пресрет на nовогодишните празници, заедно со своите соработници, организира голема хуманитарна акција насловена Новогодишна трпеза за сите“. Целта на активноста е yes are овозможи достојна прослава на празничните денови кои ни претстојат за најранливите категории граѓани.  

 Се надеваме дека хуманостa ќе ни помогне и овојпат за повеќе детски насмевки и родителска среќа преку донација на храна, финансии, детски пакетчиња или донација по избор на граѓаните и согласно with можностиte. Сите собрани донации ќе бидат поделени на оние на кои им е најпотребна помошта во соработка со надлежните институции – велат членовите на Локалниот младински совет.

Акцијата ќе се одвива на следните датуми и локации :

 

–          07-17.12.2021 во просториите на ОУ „Ванчо Прке“

–          13-17.12.2021 (12-14 часот) во просториите на СОУ „М.М.Брицо“

–          14.12.2021 во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“

–          09-10.12.2021 во просториите на ОО Црвен Крст

–          09-14.12.2021 во просториите на Пензионерското друштво

Донациите кои ќе are донесat може да вклучуваат:

– новогодишни пакетчиња

– нерасиплива храна

– финансиски средства или донација по Ваш избор

Сите собрани донации ќе бидат поделени на оние на кои им е најпотребна помошта во соработка со надлежните институции. Акцијата се спроведува со поддршка од Градоначалникот на Општина Делчево и Советот на Општината заедно со СОУ „Методи Митевски – Брицо” – Делчево„Св.Климент Охридски“ ДелчевоООУ„Ванчо Прке“ – ДелчевоЦрвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево и Здружение на пензионери Делчево.

Shares