Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината, се подготвени за снежните врнежи. Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево од 11.12.2021 ќе го врши фирмата „Дикор цд“ од Струмица. По спроведената јавна набавка, Општина Делчево потпиша Договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач, кој ќе постапува согласно со потребите на Општината и Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево во кој е предвидена приоритетна листа на одржување патишта и улици кои опфаќаат патишта со асфалтен коловоз од 82,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 38,5 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.
Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува во моментот пред дебелината на снегот yes достигне 10 сантиметри за сообраќајниците од прв и втор приоритет and 15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно внимание на: остриte кривини, стрмниte косини, мостовиte, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн;
Инаку, Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатието има обезбедено доволно количини ризла и сол, а претпријатието има спроведено и јавна набавка и склучено договор со локална фирма од каде согласно со потребите сукцесивно ќе се набавуваат дополнителните количини на ризла и сол. Исто така, претпријатието располага со две нови машини ровокопачи-утоварач и со хидрауличен плуг за чистење снег со ширина од 300 см., како и две машини фрези за чистење снег од тротоарите и другите јавни површини.