Улицата „Плачковица“ во населбата Трети реон, деновиве доби своја комплетна завршница. Завршена е изградбата, поставен асфалт со банкини на последните 250 метри од улицата која е со должина од над 1 км. Освен што населбата добива современа сообраќајница, безбедна за сообраќај, со асфалтирањето на последните неизградени метри од улицата се решава проблемот со патната инфраструктура на поголем дел од семејствата кои живеат или гравитираат на овој дел од населбата, а исто така, улицата го поврзува и резервоарот за вода на локалитетот Чуката.