Објавен анкетен прашалник за квалитетот на услугите на Општина Делчево

  • News

Општина Делчево на својата веб –страница  delcevo.gov.mk, објави анкетен прашалник со цел да го измери задоволството на граѓаните од квалитетот на услугите на општинската администрација. Анкетата можете да ја потполните на следниот LINK, а резултатите од неа ќе бидат искористени за да се направи анализа и да се интервенира во насока на подобрување на работата на одделенијата и секторите во Општина Делчево и да се подобри квалитетот на услугите што ги дава Општина Делчево.

Shares