Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување и насоки за спроведување на Конкурсот.
Во СОУ „М.М. Брицо“ во Делчево во прва година ќе се запишат 186 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум.
Текстилно – кожарска струка – 25 ученици, 1 паралелка – техничар за изработка на облека/ техничар за моделирање на облека *(соработка со ВИТЕКС ДЕ ДОО,ФРОТИРКА – КОМПАНИ,ЛУКА – ТЕКС ДООЕЛ,Тренд Дизајн ДООЕЛ,ММЦ ПРОГРЕС ДООЕЛ,) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
Хемиско – технолошка струка – 25 ученици, 1 паралелка – прехранбен техничар *(соработка со РУДИНЕ ММ ДООЕЛ Скопје).
Првото пријавување на учениците ќе биде на 14 и 15 јуни 2022, второто пријавување на 21 и 22 јуни 2022, а третото пријавување на 28 јуни 2022.