Покана до сите граѓани за централната прослава по повод Денот на македoнската полиција

  • News

Општина Делчево ги поканува граѓаните од Делчево, но и од поширокиот регион, на централната прослава по повод Денот на македонската полиција which ќе се одржи во Delchevo на 7 мај, сабота, под мотото „МВР за граѓаните“ и концептот „Полицијата во служба на граѓаните“.

Централната прослава и содржините спакувани во неа даваат одлична можност and за порелаксирано дружење на нашите граѓани со припадниците од  организациските единици на полицијата, кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации.

Посебно, заслужуваат внимание содржините за најмладите и најразличните игри и дружење со полициските службеници, што од своја страна ја гради довербата во службеното лице –полицаец. Целта е одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема.

Настанот ќе се одвива во градскиот парк со почеток од 12.30 мин, а освен презентација на опрема и оружје, најавена е и богата културно-забавна програма во која ќе настапат фолклорните друштва од Делчево, „Копачка“, КУД „Гоце Делчев“, ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, како и пеjачката група Ѓурѓа”, а концерт ќе одржат познатите македонски поп ѕвезди Дац и Александар.

Shares