Одбрани најдобрите десет матуранти и првенецот на генерацијата во СОУ „М.М.Брицо“

  • News

Матеја Златковa, ученичка од 4-2 клас во СОУ „М.М.Брицо“, е прогласена за првенец на генерацијата од завршните класови. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, го одбра првенецот на генерацијата од завршните класови, како  and најдобрите 10 матуранти кои ќе добијат наградно патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матранти во СОУ „М.М.Брицо“.

По претходно спроведена постапка, критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување , пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел во СОУ „М.М.Брицо“ беа избрани следните ученици:

1.       Матеја Златкова ученичка во 4-2 клас

2.       Антониj Цонев, ученик 4-1 клас

3.       Марија Мишева, ученичка во 4-1 клас

4.       Анастасија Ангелова, ученичка во 4-1 клас

5.       Матеа Спасeвска, ученичка во 4-1

6.       Ели Енѓовска, ученичка во 4-1

7.       Марија Петровска, ученичка во 4-2 клас

8.       Теодора Лазаревска, ученичка во 4-5

9.       Теодора Богдановска, ученичка во 4-1 клас

10.   Христијан Симоновски, ученик во 4-1 клас

Инаку,генерацијата матуранти 2018-2022 е 61 генерација матуранти од делчевската гимназија која брои 102 ученици. По пауза од две години, поради пандемијата со коронавирусот, делчевските матуранти ја продолжуваат традицијата и в петок ќе ја прослават матурската вечер со дефиле низ градот и забава во ресторан.

Shares