Одржана 9 Седница на Советот на Општина Делчево

  • News

Советот на Општина Делчево денеска ја одржа 9 Седница на која се разгледуваа и се донесе одлука по 10 точки од предложениот Дневен ред.

На Седницата, меѓу другото, советниците ја донесоа Одлуката за доделување стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта во учебната 2021/2022 година. Учениците ќе ја добиваат стипендијата 9 (девет) месеци во текот на учебната 2022-2023 во нето- износ 3,000,00 денари месечно за првенецот на генерацијата од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево и по 2000,00 денари месечно за првенците на генерацијата од ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

 

Се донесоа и измените на Одлуката за одвојување средства за финансиско учество на Општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење, според која за реализација на проектот Градски пазар во Делчево-отворен и затворен дел (II фаза)“ со вкупен буџет од  24.143.187 денари без вклучен ДДВ или 28.488.960,54  денари со вклучен ДДВ, од Буџетот на Општина Делчево за 2022 година се издвојуваат 14.501.752,54 денари, додека 13.987.208,00 денари ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година.  

Советниците ја усвоија Одлуката за проширување на Буџетот која е по барање на буџетските корисници, а согласно со која се врши проширување на Буџетот на Општина Делчево во износ од 7.513.007 денари, заради искористување на средствата од пренесениот вишок на приходи од претходната година;

Советниците донесоа неколку одлуки од областа на урбанизамот, а разгледаа и неколку барања од граѓани.

Shares