Продолжува санацијата на Спомен-домот „Разловечко востание“

  • News

Во рамките на Годишната програма на Министерството за култура на РСМ во областа на инвестициското одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема се одвоени 721.864 ден за продолжување на втората фаза од санацијата на Спомен-домот „Разловечко востание“ во с. Разловци.  Втората фаза опфаќа замена на дрвената столарија со трајни материјали и термопан стакло со што значително ќе се подобри безбедноста на објектот, но и неговиот изглед.

Како што информира директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Методи Толевски, Договорот со Министерството за култура е потпишан, а наскоро треба да се распише тендерот за избор на најповолен економски оператор.

Санацијата на Спомен-домот посветен на Разловечкото всотание започна минатата година со времена санација на кровната конструкција која го решава проблемот и се обезбедува времена заштита на објектот од надворешни влијанија.

Спомен-домот посветен на Разловечкото востание долги години беше оставен без кров, само со црна хартија, а состојбата со објектот беше катастрофална. Спомен- домот „Разловечко востание“ е уникатно архитектонско дело на архитектот, проф.д-р Ѓорѓи Константиновски, кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ и на уникатен начин го чува споменот на првото вооружено востание на македонскиот народ за ослободување од Отоманската Империја.

Во следната фаза за санација на Домот е планирана санација на внтрешните ѕидови на спомен-домот и административната зграда, како  и уредување на влезот и скалите кон Домот.

Shares