– Албумот е авторски и имаше онлајн- промоција на 3 јуни годинава. Исто така, сакам да кажам дека албумот е инспириран од македонската народна песна прикажан во современи техники на работа, малку излезен од класичните норми, истакна Билјана Петровска.
Освен Петровска, која настапи на пијано, на промоцијата настапија и Марија Јакимовска на флејта, Петар Колевски на кларинет и Владимир Крстев на виолина.
Следниот концерт во рамките на Делчевското културно лето се најавува за утре, петок, со настап на групата Нонет, кaмерен оркестар на Музичка младина на Македонија под раководство на диригентот и композитор Ангел Спировски, во состав гудачки квартеt и дувачки квинтет.
Овој состав од млади музичари е единствен од ваков тип во државата, а неговата визија е камерното музицирање да стане неизоставен дел од концертите. Камерниот оркестар изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика.