Ќе се рехабилитира земјоделскиот пат кај месноста Долни Бавчи во Делчево

Се решава проблемот со пристапот до земјоделските површини и индивидуалните земјоделски стопанства во месноста Долни Бавчи во Делчево. Преку Програмата за рурален развој за 2022 г на МЗШВ и поддршката на планските региони за изградба на земјоделски патишта во Делчево, ќе се рехабилитира земјоделскиот пат во должина од 1000 м кој води од мостот на ул. „Индустриска“ покрај реката Брегалница во месноста Долни Бавчи. Вредноста на Договорот за изградба на овој земјоделски пат е 1.855.500 ден.

Денеска во Струмица на градоначалникот Горан Трајковски му беше доделен Договорот за рехабилитација на земјоделски- полски пат во Долни Бавчи од страна на министерот Љупчо Николовски на настан кој беше во организација од МЗШВ.

По тој повод, градоначалникот Трајковски истакна дека со реализацијата на овој проект се решава и уште еден проблем на земјоделците.

Земјоделците сега во месноста Долни Бавчи ќе добијат соодветна патна инфраструктура. Тоа значи полесен пристап до земјоделските површини или до нивните објекти. При поројни дождови беше оневозможено движењето со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште на овој терен. Како Општина го слушаме гласот и потребите на граѓаните и со еден сериозен пристап, бараме трајно решавање на проблемите, истакна Трајковски.

Инаку, Општина Делчево пред три месеци ја заврши рехабилитацијата на полскиот пат с. Вирче-с. Град во должина од 1000 метри, а неодамна е потпишан и нов Договор со Центарот за развој на ИПР за втората фаза од рехабилитацијата на селскиот пат во должина од над 320 метри и поврзување со сообраќајната инфарструктура.

Shares