Проектот „Младите може да бидат слушнати“ ќе се реализира и во Делчево

  • News

Municipality of Delchevo ќе биде дел од проектот „Младите може да бидат слушнати“ на Коалицијата на младиnски организации СЕГА. За таа цел на денешниот состанок што се одржа во Општина Делчево, беа договорени планираните активности кои ќе се спроведуваат во рамките на проектот, а со цел да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво. Со проектот се предвидуваат активности за Локалниот младински совет кој ќе биде задолжен да одржи локална дискусија и инфоден со млади за идентификување на потребите на младите и прибирање младински иницијативи,  како и едукативна работилница со млади за промоција на Законот за младинско учество и младински политики.

Инаку, претходно, градоначалникот Горан Трајковски и извршниот директор на Коалицијата, Зоран Илиевски, потпишаа Меморандум за соработка за спроведување  активности во рамки на проектот „Младите може да бидат слушнати“ (YOUth can be Heard).

Проектот се спроведува во периодот од 1 март до 31 октомври 2022 г. и е поддржан од ЕУ, во рамките на Ерзмус + Програмата преку Националната агенција за европски образовни програми.

Shares