Заврши рехабилитацијата на полскиот пат кон с. Вирче

  • News, Projects

Заврши комплетната рехабилитација на полскиот пат кон с. Вирче со што се заокружи рехабилитацијата на вкупната траса на патот во должина од над 1300 метри. На последните 320 метри од трасата се работеше на расчистување, машинско планирање и набивање на тлото, ископ и уредување на земјени канавки и набавка, транспорт и изработка на тампонски слој од дробеник. Со оваа интервенција, оваа делница од селскиот пат комплетно се поврза патот со претходно извршената рехабилитација (од приклучокот со општинскиот пат Вирче – Град кон с. Whirlpool во должина од 1000 метри) кој поминува низ земјоделско обработливо земјиште, претежно овоштарници и ниви и се приклучува кон селската патна мрежа.

Со рехабилитацијата на селскиот пат се реши долгогодишниот проблем на земјоделците, поврзан со лошата состојба на земјениот пат, оневозможено движење со возила и со земјоделска механизација до земјоделското земјиште, посебно при поројни дождови.

Рехабилитацијата на селскиот пат се реализираше во рамки на проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачја со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“. Вкупната вредност на изведба на работите за рехабилитација согласно потпишаниот Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион  и изведувачот СД Транс изнесува 487.179,52 денари со ДДВ.

Финансиските средства за довршување на овој проект беа дополнително обезбедени преку барање за доискористување на средства на Центарот за развој на источниот плански регион, за чие искористување помеѓу Центарот за развој на источниот плански регион и Општина Делчево беше склучен Договор за заедничка реализација на активност „Рехабилитација на селски пат во село Вирче во општина Делчево (завршеток на траса).

Со реализацијата на овој проект за „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион“ и целосно завршување на рехабилитацијата на трасата, директно се влијае на подобрување на руралната патна инфраструктура во непосредна близина на с.Вирче во општина Делчево, а најголема корист ќе имаат сопствениците и корисниците на обработливото земјоделско земјиште до кое директно се пристапува од оваа траса, а опфаќа површина од околу 36 ха.

Shares